Политика за заштита на податоци

Нашето Известување за приватност и колачиња е прикажано подолу

Пивара Скопје АД Скопје придава огромно значење на заштитата на Вашите лични податоци.

Оваа изјава за приватност Ви дава информации за тоа како постапуваме со лични податоци кои што се собрани и обработени за време на Вашата посета на https://pivaraclub.mk

Доколку имате какви било прашања во врска со обработката на Вашите податоци, контактирајте не на [email protected]

Давањето на Вашите лични податоци значи прифаќање од Ваша страна на нашето Известување за приватност и колачиња, како и дека се согласувате да ги собираме, користиме и откриваме Вашите лични податоци како што е опишано во ова Известување за приватност и колачиња. Доколку не се согласувате со ова Известување, Ве молиме да не ги обезбедувате Вашите лични детали.

Оваа Политика за приватност и Известувањето за колачиња ги опфаќа следниве области:

  • Што се лични податоци
  • Лични податоци што ги собираме од Вас и употреба на собрани податоци
  • Политика за колачиња
  • Како ги заштитуваме Вашите лични податоци
  • Како да не контактирате и Вашите права за пристап и ажурирање на Вашите лични податоци
  • Како ќе се прават измени во оваа Политика за приватност и Политиката за колачиња

Што се лични податоци

Личните податоци се информации за поединец кој што може да се идентификува, согласно дефинираното во позитивниот закон, како што се име, адреса на е-пошта и телефонски број. Одредени лични податоци треба да се собираат, чуваат и обработуваат при посетата на нашата веб-страница за обработка и спроведување на Вашата нарачка. За другите податоци, кои не е потребно да бидат обработени за спроведување на Вашата нарачка, постои договорот и тие се обработуваат заради нашите легитимни интереси. Вашите лични податоци ќе ги избришеме веднаш штом ќе престане да постои намената на обработката, под услов ние, како контролор, да не сме обврзани со закон да ги чуваме податоците надвор од периодот потребен за исполнување на намената. Покрај тоа, го задржуваме правото да ги чуваме Вашите лични податоци онолку долго колку што важат одредени законски барања во однос на нас и колку што е потребно чувањето на податоците.

  1. Активности за обработка

Подетално, постојат следниве активности за обработка на податоци:

Клиентите на Пивара Скопје кои учествуваат во L&T клубот ќе имаат пристап до своите достапни поени собрани во клубот. Пристапот ќе биде овозможен преку наменски кориснички профил што содржи (код на клиент, име на сопственик, е-пошта на клиент). Секој корисник може да ја промени својата адреса на е-пошта врз основа на барање.

Посета на веб-страницата

При посета на нашата веб-страница, личните податоци се обработуваат.

  1. Опсег на обработка на лични податоци
  2. Кога ќе пристапите на нашата веб-страница, автоматски ги собираме и чуваме информациите во таканаречените серверски датотеки, кои Вашиот прелистувач автоматски ги пренесува до нас. Тие се:

    • Датум и време на барање на серверот
    • IP адреса
  3. Цел на обработката на податоците
  4. Ние ги обработуваме овие податоци за целите на ИТ услугите за користење на системот за најава, процесот на авторизација и оцена на серверските датотеки за цели на анализа на проблеми и заштита на информации. Доколку не ги обезбедите Вашите податоци, може пристапот да не е возможен под одредени околности.

  5. Правен основ за обработка на лични податоци
  6. Обработката на горенаведените податоци е во наш легитимен интерес како оператори на веб-страницата во согласност со член 6 (1) (f) GDPR. Во принцип, индивидуалните податочни евиденции не се споени, но ние го задржуваме правото да ги оценуваме податоците во случај на конкретни индикации за нелегална употреба, особено штетни напади.

    Можете да поднесете приговор за обработката на личните податоци во согласност со чл. 97 од Законот за заштита на личните податоци. Ве молиме испратете приговор до [email protected] или [email protected]

    Приматели на лични податоци

    1. Легитимни интереси
    2. Го задржуваме правото да ги откриваме податоците обработени за оваа намена на надлежните органи и судови во случај на основано сомнение. Ова се должи на нашиот легитимен интерес за правично судско гонење.

    3. Даватели на услуги
    4. За работењето на нашата веб-страница, вклучително и хостирање, и за да се осигура безбедност на нашите ИТ системи, ние го користиме следниов давател на услуги, кој може, под одредени околности, да добие пристап до Вашите лични податоци:

      1. Адева ИТ ДОО, Партизански Одреди 15А/11, 1000 Скопје

      Гореспоменатиот давател на услуги е договорно должен секогаш да ги заштитува Вашите лични податоци, да презема соодветни технички и организациски мерки во однос на безбедноста на податоците и под никакви околности да не ги обработува Вашите податоци за свои цели или да ги открива Вашите лични податоци на трети лица.

  7. Времетраење на чувањето
  8. Обработените податоци за оваа намена автоматски се чуваат во период од 10 години. Доколку имаме основано сомнение за злоупотреба и ги препратиме податоците до надлежните органи и судови, податоците ќе се чуваат на посебен податочен медиум и ќе бидат избришани по завршувањето на правната постапка.

  9. Понатамошна обработка на податоците
  10. Податоците обработени за оваа намена нема да бидат обработени за друга цел.

  11. Автоматизирано одлучување
  12. Податоците обработени при посетата на нашата веб-страница не се обработуваат за автоматизирано одлучување, ниту пак извршуваме т.н. „профилирање“.

Политика за колачиња

На веб-страницата се користат само подолу споменатите Строго неопходни колачиња

  • pivara_club_session
  • XSRF-TOKEN

Како ги заштитуваме Вашите лични податоци

  1. Ограничен пристап
  2. Само клиенти можат да пристапат на веб-страницата користејќи свој профил и лозинка

  3. Безбедност на собраните податоци и задржување на податоците
  4. Ние користиме строги физички, електронски и административни мерки за безбедност за да ги заштитиме Вашите податоци од пристап од страна на неовластени лица и од незаконска обработка, случајна загуба, уништување и оштетување и онлајн и офлајн. Ние ќе ги задржиме Вашите податоци онолку колку што е потребно за наведеното собирање и потоа ќе ги задржиме Вашите податоци онолку колку што се бара според закон. За повеќе информации во врска со чувањето, контактирајте со [email protected].

Како да не контактирате и Вашите права на пристап и ажурирање на Вашите лични податоци

  1. Приговор
  2. Имате право да поднесете приговор пред државниот орган за заштита на податоците со тоа што ќе го испратите Вашето барање до истиот. Контактите на Агенција за заштита на личните податоци може да се најдат на https://www.dzlp.mk/

  3. Како да контактирате со нас
  4. Доколку имате какви било коментари, прашања или барања во врска со нашето користење на Вашите лични податоци или какви било прашања во врска со ова Известување за приватност и колачиња, Ве молиме контактирајте со нас на следната адреса на е-пошта: [email protected] или [email protected]. Со нетрпение ги очекуваме Вашите прашања и какви било предлози за нашето Известување за приватност и колачиња

Како ќе се прават измени на оваа Политика за приватност и Политиката за колачиња

Ве молиме, периодично проверувајте го ова Известување за приватност и колачиња за да бидете информирани во случај на некакви измени. Иако го задржуваме правото да ја изменуваме или дополнуваме оваа политика, ние ќе ги објавиме на оваа веб-страница сите поголеми измени најмалку 30 дена по измената и, кога е соодветно, со известување преку е-пошта.